Прв ривал ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, а многу повеќе податоци имаме за Португалките, вели селекторот Ашаданов, пред дуелите утре и в недела во Скопје Македонските кошаркарки ги почнаа мини-подготовките за претстојните натпревари дома, со Украина утре (од 18 часот) и со Португалија в недела (18 ч.), двата во СРЦ „Кале“, во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година.
Македонската женска кошаркарска репрезентација ги започна мини-подготовките за продолжението во квалификациите за Европското првенство.