МЗТ Скопје Аеродром остана на една победа низ досегашниот тек од АБА 2 лигата во Групата А, откако во четвртиот меч загуби низ драматична завршница на гостувањето од Хелиос Домжале со 68-67. Македонскиот шампион лошо го почна натпреварот, со катастрофално одигран втор период од играта кој домашните го добија со 23-11, за предност од +13 поени на полувремето (39-26). Меѓутоа „металците“ одлично го почнаа второто полувреме и со неверојатна серија од 0-13 по само пет минути во вториот дел дојдоа до 39-39. Сепак, еден од најдобрите поединци во македонскиот состав Американецот Едвин доби набрзина две лични гршеки со вкупни четири беше повлечен од игра, по што кошаркарите на Хелиос Домжале повторно дојдоа до предност од 50-48 пред последната четвртина. Ekipa