Брони Џејмс го имаше својот дебитантски настап во развојната „Џи“ лига и го одигра првиот меч за тимот на Саут Беј Лејкерс.
Салата беше комплетно распродадена, публиката дојде да го види синот на славниот Леброн Џејмс, но тој возврати со скромен учинок од само шест поени (2/9 од поле), четири асистенции, две украдени, но и пет загубеи топки.