ЕКИПА во Сомбор, Стеван Цаневски Кошаркарите на Пелистер оптимистички расположени го очекуваат денешниот дуел во Сомбор против екипата на Џокер (18 часот) во рамките од четвртото коло од АБА2 лигата.
Пелистер има скор 1-2 по несреќните порази од Подгорица и Џокер во претходните две рунди, српскиот тим пак има максимални 3-0, но тоа е само мотив повеќе за тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со добра игра вечерва во Сомбор да му го нанесат првиот пораз во АБА2 на клубот зад кој стои најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ.