Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
12
0.59
13.22
3.09/0.04
12.00
3.01
0.25
800.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 12
10 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 9.1
Best clustering variants
10 0.99/0.01 2 9.1
Libertas

Кошаркарите на Пелистер останаа со минимални шанси за пласман во плејофот во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загубија на гостински терен од лидерот Џокер со 93-84 и го претрпеа третиот пораз во четвртиот натпревар во групата Ц. Со овој пораз, македонскиот актуелен вицешампион остана на третото место со скор од една победа и три порази, зад водечкиот Џокер (4-0) и Подгорица (2-1), која утревечер со евентуален триумф над последнопласираниот Широки Брег (0-3) ќе го обезбеди второто место во групата и пласманот во следната фаза.

Кошаркарите на Пелистер на вечерашното гостување во Сомбор имаа предност на полувремето од 53-49, но одиграа катастрофално лоша третата четвртина која ја загубија со 27-9 и не успеаја во последниот период да го избегнат третиот пораз сезонава во регионалното натпреварување. Libertas

  • ЕКИПА во Сомбор, Стеван Цаневски Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата откако загуби на гостувањето против Џокер со резултат 93-84. Повторно тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат, ако се зна дека три четвртини беа не само достоен, туку и подобар ривал од српскиот тим, но тоа малку вреди поради кататрофалната трета четвртина што македонскиот тим ја загуби со убедливи 27-9, што на крајот го чинеше пораз.