Со концертот насловен „80 години – Љубов“, денеска, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето.
Симон Трпчески со оркестарот на Филхармонијата за прв пат настапил на 15 години, реализирал уште неколку заеднички концерти низ годините, а вечерва ќе настапи на роденденскиот концерт насловен „80 години – Љубов“, на кој ќе го изведе „ Концертот за пијано и оркестар во а- мол“ од Едвард Григ.