Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од регуларната сезона во НБА-лигата со 101:93. Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилгеус-Александер од Оклахома со 36 поени.
Оклахома Сити Тандер продолжува да ги гази ривалите за највисок пласман во Западната конференција, а ноќеска беше подобра од Лејкерс во Лос Анџелес со 101-93. Уште во првата четвртина, лидерот на табелата направи двоцифрена предност (18-8), но домаќините успеаја да се вратат во игра и во вториот период дури и да го преземат водството по серијата од 6-0 (48-45). Во второто полувреме Оклахома отиде и на +9, Лејкерс пак направија пресврт, но не можеа да го издржат тоа темпо.