Осум земји поднесоа официјална кандидатура за домаќин на Европското првенство за кошаркари во 2029 година, објави денеска европскиот огранок на ФИБА.
Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија поднесоа официјална понуда за организација на Европското првенство во кошарка во 2029 година, соопшти Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Четири од споменатите осум земји ќе ја добијат организацијата, а имињата на избраните земји ќе бидат објавени во мај 2025 година.