Панатинаикос претрпе убедливи порази на последните гостувања против Партизан и Анадолу Ефес, но европскиот првак го истури сиот свој бес врз Олимпија Милано, декласирајќи го италијанскиот шампион со убедливи 103–73. „Зелено-белите“ одиграа импресивно предводени од неверојатниот Кендрик Нан, кој одигра незаборавни први 10 минути.
Имено, ПАО уште во првата четвртина стигна до преубедливи 38-15, и тоа најмногу благодарение на Нант кој постигна дури 21 поен, уривајќи го евролигашкиот рекорд за најмногу тројки во една четвртина (погоди седум од осум обиди). Победникот практично беше решен, грчкиот гигант продолжи да доминира и на крајот славеше со преубедливи . Ненад Димитријевиќ беше меѓу најдобрите поединци кај Милано, македонскиот репрезентативец за 18 минути успеа да стигне до 15 поени и три асистенции.