Првиот трофеј во НБА сезоната, помалку престижниот наменет за победникот на несекојдневното натпреварување кое беше воспоставено дури минатата година, го подигнаа кошаркарите на Милвоки, откако во финалето на НБА Купот во Лас Вегас убедливо ја совладаа екипата на Оклахома со 97-81. По возбудливото и изедначено прво полувреме, во кое Оклахома почесто беше во водство, но не позначајно од седум поени, Милвоки одигра силна трета четвртина во која прими само 14, а на другиот крај од теренот постигна 26 поени, и замина на плус 13 – 77:64.
Екипата на Мклвоки Бакс е втор победник на НБА купот откако ноќеска во финалето ја совлада Оклахома со 97-81. Блескаше Јанис Адетокумпо кој оствари трипл дабл со 26 поени, 19 скока и 10 асистенции за што заслужено беше прогласен за МВП, но огромна помош имаше од Дејмијан Лилард кој го заврши натпреварот со 23 поени.