Пелистер подобро го отвори натпреварот и набрзина поведе со 7-3, но тајмаутот што го зеде Боро Смилковски вроди со плод, неговиот тим постигна девет поени во низа и поведе со 7-12. Стајиќ и Бојиќ беа најрасположени за игра во таборот на Пелистер, враќајќи ги битолчани во ритам, за со поените на Лука Стојановски стартната четвртина да заврши со 18-18. Со израмнета игра се продолжи и во втората четвртина, ТФТ поведе со 18-23, Пелистер се врати на 23-23 со тројката на Стајиќ, а потоа и поведе со поените на Лука Стојановски. Ekipa