Телото на кошаркарот Јанис Тима конечно од Русија беше пренесено во Летонија.
Поранешниот репрезентативец на Летонија, Јанис Тима и кошаркар на многу европски клубови, си го одзеде животот во ноќта помеѓу 16 и 17 декември по разводот од сопругата Aна Седокова . Неговото тело беше една недела во мртовечница во Русија, а преносот на посмртните останки се искомплицира, бидејќи Летонија ги прекина сите односи со Русија од април 2022 година.