Екипата на продолжува со добрите игри во Бундеслигата и славеше со конечни 4-3 (2-0) над Холтшајн Кил во натпреварот од дваесеттото коло.
Екипата на Баерн Минхен немаше проблеми и продолжи со победите во германската Бундеслига откако денес на свој терен баварците го совладаа Холштајн Кил со 4-3. Победата за домаќините ја најави Џамал Мусиала со голот по 19 минути игра, додека Хари Кејн во завршницата од првиот дел се погрижи за 2-0. Само што започна второто полувреме по една минута игра, Кејн постигна и втор гол за веќе високи 3-0, а за 4-0 се погрижи Серж Гнабри во 54. Преку Порат по половина час игра гостите намалија на 4-1 за потоа во финшот да блеска Скрибски кој постигна два гола во 91. и 93. минута, но за нешто повеќе време немаше.