Армен Саркисијан, висок припадник на проруската паравоена група од Доњецк во источна Украина, почина денеска во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва, објави рускиот весник Комерсант.
Oдекнала експлозија во луксузен станбен комплекс во Москва, a руските медиуми тврдат дека во експлозијата е тешко повреден претседателот на Боксерската федерација на самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР), Армен Саркисјан, познат и како Армен Горловски, . Според сознанијата, најверојатно експлодирала граната и отворена е истрага.