Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на маргините на Безбедносната конференција во Минхен на разговори со бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.
Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски утре на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе има средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција.
Билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија и положбата на македонското малцинство во Бугарија биле меѓу темите за кои денеска разговарале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.