Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија кој го носи називот по легендарниот Благоја Георгиевски – Бушутр откако во големото финале славеше над екипата на Баскет Кам со 69-55. Вардарки стигнаа до двоцифрена предност благодарение на убедливата игра во втората четвртина, па и покрај тоа што противникот имаше налет на крајот на средбата, скопскиот тим ја задржа позитивата за нов трофеј во своите витрини. Ekipa