Новак Ѓоковиќ беше поразен на стартот на турнирот во Доха од Матео Беретини, но нема да го напушти Катар.
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ успешно се опорави од повредата заработена во четврфиналето на Австралија опен, па многу наскоро се враќа на терените и ќе биде дел од АТП турнирот во Доха, Катар.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше запрен на стартот од турнирот во Доха, откако вечерва во првото коло беше поразен од Италијанецот Матео Беретини со резултат 7:6 (7:4), 6:2. Беретини одигра одличен натпревар и првпат во кариерата го совлада Ѓоковиќ, откако ги загуби претходните четири дуели.