Македонската репрезентација утревечер против Естонија (18 часот) во Талин ќе го одигра најважниот меч во последната деценија, со оглед што само со победа и тоа со најмалку шест поени разлика би можеле да го задржиме шансите за пласман на ЕП 2025, додека во спротивно до крајот на деценијата ќе се „давиме“ во европската кошаркарска кал.
Треба да одиме со помислата дека треба да победиме уште од првата минута, а не да чекаме што ќе се случи, вели Димитријевиќ.