Лука Дончиќ го однесе тимот на ЛА Лејкерс до победа против Далас маверикс (107-99) во првиот негов натпревар против поранешниот клуб, остварувајќи трипл-дабл учинок.
Лос Анџелес Лејкерс го доби дербито на вечерта против Далас Маверикс (107-99). Дончиќ оствари трипл дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока.
Под сè уште неразјаснети причини, Ник Харисон, извршниот директор на Далас Маверикс пред еден месец реши да го трампа најдобриот играч на екипата и една од најголемите суперѕвезди во НБА Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс.