Настанот од претходната вечер во НБА лигата беше апсолутно првиот натпревар на Лука Дончиќ против Далас Маверикс, кој неочекувано го трејдуваше на почетокот на месецот во Лос Анџелес Лејкерс.
Лука Дончиќ го однесе тимот на ЛА Лејкерс до победа против Далас маверикс (107-99) во првиот негов натпревар против поранешниот клуб, остварувајќи трипл-дабл учинок.
Лос Анџелес Лејкерс го доби дербито на вечерта против Далас Маверикс (107-99). Дончиќ оствари трипл дабл од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока.