Најдобар поединец на натпреварот беше Франциско со 25 поени, а го следеше поранешниот ас на Партизан Ален Смаилагиќ со 15. Кај Црвена ѕвезда најефикасни беа Петрушев со 16 и Немања Недовиќ со 14 поени.
Во четвроткот во големото шпанско дерби, кошаркарите на Реал Мадрид на домашен терен беа подобри од Барселона со 96:91. Гостите водеа во текот на целото прво полувреме и на пауза влегоа со благо водство од 43:40. Веднаш на стартот од третата четвртина Реал го сврте резултатот во своја полза и водеше до крајот. Netpress