26-Mar 11:25
Најнови
Денес
Вести
Спорт
Бизнис
Магазин
Сцена
Лос Анџелес Лејкерс можеше да смета на ЛеБрон Џејмс и Руи Хачимура на дуелот против Чикаго, но настрада во второто полувреме на овој дуел во кој целосно потфрли одбраната на избраниците на Џеј Џеј Редик.
Булс постигнаа многу поени во победата 115:146 и заслужено стигнаа до победата, нанесувајќи му незгоден пораз на тимот на Лејкерс, кој се бори за што подобра позиција за плејоф завршницата.
Во НБА лигата синоќа се одиграа пет натпревари, а најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Чикаго Булс поради враќањето на Леброн Џејмс на теренот.
Џејмс ги пропушти претходните 7 натпревари поради повреда со која се здоби на натпреварот против Бостон на 8 март, а синоќа се врати на теренот и одигра 31 минута во кои забележа 17 поени, 6 скока и 4 асистенции. Kajgana
Гостите почнаа да ја зголемуваат предноста во третата четвртина, а во последниот период целосно го скршија отпорот на Лејкерси, осигурувајќи убедлива победа.
Лука Дончиќ имаше солидна партија со 34 поени, осум скокови и шест асистенции, но тоа не беше доволно за да се спречи катастрофата. Sport1
Чикаго по првото полувреме имаше предност од три поени, и никој на крајот не можеше да очекува ваков резултат.
Гостите почнаа во третата четвртина да прават предност, а за домаќините би било подобро последната четвртина да не се играше. Sportski
Никола Вучевиќ оствари дабл-дабл учинок со 12 поени и 12 скокови, а Џош Гиди имаше клучна улога во организацијата на играта, забележувајќи трипл-дабл од 15 поени, 10 скокови и 17 асистенции.
Напнатоста на теренот беше очигледна, а Дончиќ, во момент на фрустрација, грубо го турна Гиди, што резултираше со неспортски фаул. Sport1
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс се посрамотија на својата територија во натпреварот против Чикаго Булс.
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа тежок пораз од Чикаго Булс, кој до врв ја наполни мрежата на тимот од Калифорнија и на крај заслужено славеше со убедливи 31 поен разлика - 115-146.
Кошаркарите на Денвер го одиграа и четвртиот натпревар без услугите на Никола Јокиќ, а во него славеа победа над Хјустон со 116-111.
Никола Јокиќ пропушти уште еден натпревар поради повреда, што отвора прашање дали ќе ги исполни условите за освојување на наградата за МВП.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.
Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор.
Велшката експедиција со задоцнување слета во Скопје, поради што доцнеше и денешната прес-конференција на Националната арена, на која селекторот Крег Белами во манир на голем човек најпрвин се осврна на големата трагедија што ја погоди нашата држава.
Селекторот на Велс, Крег Белами на прес-конференција рече дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓа Македонија и испрати сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во импровизираната дискотека во „Пулс“ во Кочани.
Фудбалскиот клуб Шкупи го повлекува дресот на Андреј Лазаров, фудбалер кој животот го загуби во страшната несреќа во дискотеката во Кочани.
Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март.