Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демиен Лилард, најверојатно ќе биде надвор од терените на неодредено време, откако НБА тимот објави дека 34-годишниот бек има длабока венска тромбоза (згрутчување на крвта) на десната потколеница и зема лекови за разредување на крвта, пренесуваат американските медиуми.
Ѕвездата на Милвоки Бакс Демијан Лилард е уште еден играч на кој му е дијагностицирана тромбоза, поради што ќе мора да паузира подолго.