ЛУКА ДОНЧИЌ (26) вчера за првпат играше во Далас против Маверикс, клубот во кој се прослави, каде што беше суперѕвезда и каде што помина пет и пол години.
Лука Дончиќ првпат се врати во Далас по трејдот во Лос Анџелес Лејкерси и се радуваше на победа над Маверикси (97-112). Натпреварот во „Американ Еирлајнс Центар“ беше поинаков, емотивен и со посебна посвета од домаќинот до поранешната ѕвезда.
Враќањето на Лука Дончиќ сега како кошаркар на Лос Анџелес помина емотивно за словенечкиот кошаркар, но и за сите во салата.