Избројани се деновите на Перо Антиќ како претседател на КФСМ откако тој не одговори на иницијативата за свикување на Вонредно Собрание на кое требаше да се дискутира за една точка – недоверба во работата на раководството и смена на претседателот.
Откако тој рок од 14 дена измина, денеска и официјално Младен Ѓуроски во просториите на КФСМ ја поднесе својата кандидатура за нов претседател, што се очекува да биде изгласана со огромно мнозинство на следното Собрание на куќата на кошарката. Ekipa