Реал Мадрид реши да му го исплати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот договор до последниот цент иако е јасно дека Италијанецот заминува, објави денеска шпанскиот Релево.
Реал Мадрид подготвува значителни промени во тренерскиот штаб во текот на летниот период, но новиот шеф на стручниот штаб, кој треба да го предводи тимот на долг рок, нема да пристигне пред почетокот на Светското клупско првенство, пишуваат шпанските медиуми.