Еден од најдобрите кошаркари на светот Никола Јокиќ, одигра веројатно една од своите послаби натпревари во постигнувањето поени, бидејќи постигна само 13 поени со лош шут од поле, но исто така имаше 10 скока и 12 асистенции и стигна до нов трипл-дабл во победата на неговиот тим Денвер против Лос Анџелес Клиперс, и со тоа Нагетси поведоа во серијата со 3-2. Сепак, човекот на одлука вечерва беше канадскиот плејмејкер Џамал Мареј, кој постигна неверојатни 43 поени и дефинитивно ги предводеше Нагетсите до убедлив триумф.
Во спектакуларна завршница во „Гејнбриџ Филдхаус“, Индијана Пејсерс славеше над Милвоки Бакс со 119-118 по продолжение и со тоа се пласираа во втората рунда од плеј-офот на Источната конференција, поведувајќи во серијата со 4-1. Публиката од Индијанаполис беше почестена со вистински кошаркарски трилер, кој кулминираше со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од продолжението.