Турскиот тим не се предаде, ја спушти разликата и под пет поени, но Панатинаикос имаше доволно квалитет и искуство за да го приведе мечот до крај и да стигне до билет за Ф4. Осман го одигра својот најдобар меч во дресот на ПАО реализирајќи 28 поени и осум скокови, Хуанчо Хернангомез имаше скромни три поени, но и 11 скокови, додека Кендрик Нан го заврши мечот со 12 поени, но и катастрофален шут од поле 4/16. Брајант со 15 и Ларкин со 11 поени беа единствените со двоцифрен ефект во Ефес. Ekipa