Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија втората победа во финалната серија од плејофот, откако на домашен терен го совладаа ТФТ со 87-82. Актуелниот првак лошо го почна натпреварот, го загуби првиот период со десет поени разлика (17-27), но затоа ги доби убедливо втората и третата четвртина и славеше сигурен триумф за водство од 2-0 во серијата.МЗТ Скопје заигра многу подобро во втората четвртина, ја доби со седум поени позитива (22-15) и на одмор замина со три поени негатива (39-42). Во третиот период кошаркарите на Атанасов се разлетаа на паркетот, ја заокружија со 22-11 и веќе создадоа сигурна предност. Sportmanija