Ракометарите на Вардар се првиот патник во финалето на фајнал-фор турнирот од Купот на Македонија откако во трилер меч по изведување на пенали славеше над Алкалоид со 32-31. Тренерот на Вардар, Гиљермо Милано по мечот вели дека е горд на неговите ракометари, бидејќи Алкалоид го има најдобриот голман за пенали.
Алкалоид и Вардар уште еднаш приредија возбудлив ракометен спектакл оваа сезона и тоа во првото полуфинале од Купот на Македонија во Охрид, од кое како победници излегоа црвено-црните по пенал-серијата со 4-3, откако по регуларниот дел беше 28-28. Тренерот на вардарци, Гиљермо Милано, по завршувањето на натпреварот во салата „Билјанини Извори“, ја сподели својата гордост, потенцирајќи дека ќе почнат да размислуваат за финалето дури по исходот од второто полуфинале.