Бранителот на титулата доминираше од самиот почеток во четвртиот натпревар во СРЦ „Кале“ и откако на средина од втората четвртина имаше предност од највисоки +24 (37-13), на полувреме водството изнесуваше 19 поени разлика (44-25). Кошаркарите на ТФТ внесоа доза на неизвесност во натпреварот кога во финишот на третата четвртина ја преполовија негативата на 40-50, но МЗТ Скопје Аеродром одговори со серија од 9-3 и до крајот на натпреварот ја задржа убедливата предност за шеста шампионска титула во последните шест сезони во македонското кошаркарско првенство За МЗТ Скопје ова е вкупно 12 шампионската титула, додека ТФТ загуби во своето прво финале во клупската историја. Sitel