Кошаркарите на Партизан поведоа со 1:0 во финалната серија до три победи во АБА лигата, откако триумфираа против Будуќност во Подгорица по продолжение со 94:88 (22:24, 13:19, 25:18, 23:22, 11:5). Во драматичен натпревар, Будуќност имаше предност од 78:69 на две минути пред крајот на натпреварот, но Карлик Џонс со кош во последните секунди го однесе дуелот во продолжение во кое Партизан дојде до целосен пресврт и почетна предност во финалната серија.