Ситуацијата во финалето од кошаркарскиот плејоф во Грција станува сѐ пожестока, откако навивачи на Панатинаикос поднесоа тужба против играчот на Олимпијакос, Еван Фурние, поради, како што наведуваат, „најпровокативниот гест во историјата на грчката професионална кошарка“.
Инцидентот се случи за време на синоќешната трета финална средба, која Олимпијакос ја доби со 99-88 и поведе со 2-1 во серијата.