Повторно победи Вардар, сега со 98-91 и ја одбрани титулата освоена лани во Гевгелија. Иако „црвено-црните“ славеа со седум разлика, неизвесно и израмнето беше до влезот на последната минута кога Вардар имаше предност од само еден поен (88-87). Тогаш Данев погоди за +3, Јаничииќ и Сребров во следниот напад не успеаја да реализираат удари за тројка, па повторно Данев од линијата за слободни фрлања го однесе својот тим на 91-87. Бутемер на 26 секунди пред крајот намали на два негатива, но потоа Терзиевски и Марјановиќ поентираа и Вардар отиде на огромни +6. Јаничиќ за момент ги врати надежите, но немаше време и Митревски со тројка го постави конечниот резултат. Kos