Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула.
Првата четвртина ја одбележа голема борба од двете екипи (26-26), додека вториот дел подобар почеток имаше Будуќност кој поведе со 29-26, по што Партизан успеа да направи пресврт и да замине на полувреме со 48-44. Партизан ја контролираше играта во второто полувреме, додека Будуќност не успеа да фати приклучок, па во последните 10 минути со предност од +11 (70-59) влегоа „црно-белите“.