Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија го добива новиот селектор.
Марјан Илиевски е нов предводник на кошаркарите и ќе ја има својата промоција пред јавноста.Прес-конференцијата, на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим ќе биде одржана на ден 17. јуни (вторник), од 12.часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Кошаркарската федерација на Македонија за утре на пладне закажа прес-конференција на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим. Sportmanija
Поранешниот тренер на Пелистер, Приштина, Блокотехна, Кожув и Лирија, Марјан Илиевски, утре и официјално ќе биде промовиран во нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, нешто што го најавивме уште пред десетина дена.
Неговата прва задача ќе биде пеколна, односно настапот во втората фаза од претквалификациите за СП 2027 овој август, кога ќе ги одмериме силите со Романија и Унгарија. Sport1
Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна.
Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана за 12 часот. Frontline
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Македонската кошаркарска репрезентација во август ќе ги започне натпреварите од претквалификациите за Светското првенство 2027, а ФИБА официјално објави дека нашата селекција ќе биде домаќин во градот Куманово.
Вторпат во својата историја, нашиот национален тим ќе биде домаќин во Куманово, град во кој играше во 1999 година, во квалификации за Европското првенство.
Денвер Нагетс не успеаја да се пласираат во финалето на НБА во сезоната 2024/25 и покрај импресивните игри на Никола Јокиќ.
Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, деновиве ги полни батериите одмарајќи се во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер успеаја да го вратат брејкот и да триумфираат на гостинскиот терен во Индијанаполис.
Оклахома сити тандерс успеа да го врати брејкот во Индијата и победи со 111:104 за израмнување на 2:2 во финалната серија од НБА плејофот. апсолутен јунак во најдобриот тим од Западот е Шеј Гилџес-Александер.
Дезмонд Бејн од следната сезона ќе го носи дресот на Орландо Меџик.
Мемфис Гризлис и Орландо Меџик, го шокираа светот на кошарката, откако договорија размена каква што никој не можеше да очекува.
Дебито на легендарниот НБА кошаркар Двајт Хауард во BIG3 лигата не помина како што тој и организаторите се надеваа – наместо спортски спектакл, беше обележано со тепачка и исфрлање од теренот.
На почетокот од новата сезона во кошаркарската лига „BIG3“ во САД, се случи тепачка, која фрли сенка врз овој спектакл во Чикаго.