Шеј Гилџес Александар, како што се очекуваше, ја однесе дома престижната титула најкорисен играч во финалната серија од НБА плејофот за сезоната 2024/25, заокружувајќи ја својата неколкумесечна доминација, бидејќи претходно беше избран за најдобар меѓу најдобрите во регуларниот дел од најсилното кошаркарско првенство во светот.
Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер покажа дека сите индивидуални признанија што ги освои оваа сезона не биле случајни и дека заслужи се што му се случи во овие осум месеци.