Шпанската 3x3 машка репрезентација го освои златниот медал на Светското првенство, откако денес во финалето во Улан Батор ја победи Швајцарија, предводена од македонскиот тренер Ервин Цого со 21-17. Диего де Блас беше најдобар играч за Шпанија со 12 поени.
Поранешниот македонски кошаркар, а сегашен тренер во 3х3 баскет, Ервин Цого, ја пишува најубавата приказна на Светското првенство во 3х3 баскет со селекцијата на Швајцарија.