Sport1
Втор меч, втор убедлив пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години на Европското Б првенство кое се одржува во Ереван, Ерменија, овојпат загубивме од Австрија со 79-58. Момците на Горан Самарџиев добро го отворија мечот, ја добивме првата четвртина со 13-12, се чинеше дека сме рамноправен противник и ќе се бориме за победа на овој натпревар.
Но, работите се променија во вториот период кој го загубивме со 18-8, на одморот заминавме со негатива од 30-21. Во вториот дел не успеавме да се вратиме, Австријците ја зголемуваа предноста и на крајот славеа убедлива победа со 79-58. Стојковиќ со 15 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, имаше и 12 скокови, Луканоски реализираше 14 поени и девет скока, двоцифран беше и Ќириловски со 11 поени. Sport1