Машката јуниорска репрезентација на Македонија викендов имаше двомеч со Швајцарија, но контролките во Ботевград завршија без победа.
Вчерашниот меч нашите јуниори го загубија со 92-97 по продолжение, а денеска беа поразени многу поубедливо, со 76-96. На првиот натпревар македонската репрезентација беше многу поблиску до победата, на крајот од третиот период водеше со 64-58, но во последните десет минути ја загуби предноста и во продолжение доживеа пораз.