Во последната четвртина противникот намали на десет поени негатива, но македонските кошаркари (играчи до 20 години) успешно и умешно го одбија притисокот на противникот и на на крајот ја прославија првата победа.
Пет играчи во македонскиот тим имаа двоцифрен број поени: Коста Кириловски 18, Марко Лукановски 17, Павел Иванов 14, Стефан Стојковиќ 13 и Ангел Стојанов 13. Утре на првенството е слободен ден, а во вторник Македонија ќе игра против Швајцарија. Sportclub