Бразилскиот офанзивец на Реал Мадрид, Родриго, нема намера да ја промени средината и да се пресели во редовите на Тотенхем, и покрај тоа што се шпекулираше дека англискиот клуб е подготвен да понуди до 90 милиони евра за неговите услуги.
Фактот дека беше меѓу резервите на сите натпревари на Реал Мадрид на клупскиот мундијал беше јасна порака до Родриго дека тој не е дел од плановите на новиот тренер Чаби Алонсо.