Екипата на Башкими од Куманово, по цели 16 години, повторно се врати во Првата македонска фудбалска лига, откако во бараж пресметката триумфираше со 2-0 против досегашниот прволигаш Беса.
Од самиот почеток на натпреварот се играше отворен фудбал, а Беса првата голема шанса за водство ја имаше во петтата минута кога Џемаил Есати беше сам пред голманот на Башкими, меѓутоа испрати катастрофален удар.