Машката репрезентација на Македонија до 19 години синоќа претрпе пораз од Романија со резултат 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) во второто коло на Балканското првенство, кое се одржува во Бања Лука.
По стартната победа над Босна и Херцеговина, нашата одбојкарска репрезентација до 19 години го забележа и првиот пораз на Балканскиот шампионат во Бања Лука, По голема борба, интересен и неизвесен натпревар во пет сета со многу пресврти, нашите надежи со 2-3 (25-19, 25-27, 30-28, 20-25, 12-15) загубија од Романија, во второто коло од групата А на Балканијадата во Бања Лука.