Нема промени во изборот на репрезентативките на селекторот на женскиот национален тим Стефан Пауновиќ во пресрет на стартот на подготовките за евро-квалификациските дуели со Австрија и Грција.
Од поширокиот список на кој се најдоа 24 одбојкарки, селекторот веднаш го „скрати“ на 18 девојки, кои на 20 јули на пладне треба да се стават на располагање во Маврово, на почетокот на подготовките за квалификациите за ЕП 2026. Gol