Управата на ФК Вардар донесе одлука да ги награди фудбалерите со премија од 100.000 евра доколку го елиминираат швајцарскиот клуб Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успешно ја мина првата квалификациска рунда (Ла Фиорита) во Лига Европа, меѓутоа време за одмор нема затоа што веднаш доаѓа новиот тест, далеку поголем предизвик соочување со швајцарскиот прволигаш Лозана.