Убеден сум дека ќе се создаде прекрасен амбиент и ќе се испрати јасна порака дека еден ваков настан гради мост меѓу образованието, спортот и културата“. рече Танасковиќ.Посочувајќи го значењето, но и одговорноста да се организира ваков голем настан, претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска истакна дека Светско училишно првенство во ракомет ќе биде вистински спортски празник за градот и за државата.„Организацијата на Светско училишно првенство е огромен настан за нас како Федерација за училишен спорт и упатувам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за поддршката што ни ја дадоа да го добиеме и да го организираме овој училишен ракометен мундијал.