Во арената во Хановер, на трибините се присутни неколку стотини македонски навивачи, веројатно од дијаспората кои гласно и со македонски знамиња го бодрат нашиот претставник во европското натпреварување.
Тандемот Штајнхаузер-Ушчинс беше најзаслужен за триумфот на Хановер, првиот постигна 11, а вториот осум гола.
Реваншот од двомечот меѓу Хановер и Алкалоид се игра во Скопје на 6 септември.
Поранешниот освојувач на ракометниот Куп на Македонија, Алкалоид попладнево игра против Хановер во квалификациите за ЕХФ Европската лига, а на првото гостување има и голема помош од трибините.