Вимблдон започнува денес, а оваа година, за прв пат откако турнирот е основан во 1877 година, нема да има линиски судии на терените на „Ол Ингланд Клуб“.
Со ова се крши традицијата стара 148 години, и наместо судиите, работата ќе ја врши вештачка интелигенција или „електронско одлучување“ (Electronic Line Calling – ELC). Оваа технологија се користи од 2007 година за да им помогне на играчите да ги проверат спорните поени, а сега ја презеде целосната контрола.