Русинката Мира Андреева, тенисерка на светот број 7, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако ја победи Американката број 55 во светот, Хејли Баптист, во третото коло денес во Лондон, со 6-1, 6-3. Мечот траеше еден час и 19 минути.
На женскиот дел од тенискиот гренслем турнир Вимблдон, ќе има нова шампионка, откако денеска бранителката на трофејот, Барбора Крејчикова, беше елиминирана уште во третото коло (16-финале). Словачката тенисерка загуби од Американката Ема Наваро, иако Крејчикова поведе со 1-0 во сетови.